YouTube ја намалува резолуцијата на видеата за да го олесни притисокот врз интернетот

- Advertisement -


Facebook бележи досега невидена активност на корисниците, корисниците речиси го срушија Instagram поради новите опции, а YouTube исто така презема одредени мерки во време на карантин поради пандемијата со корона вирусот.

Пандемијата со корона вирусот принуди милиони луѓе да останат во своите домови, па со самото тоа многумина почнуваат да работат од дома на интернет, да посетуваат онлајн часови или едноставно да бараат нешто забавно за да им помине времето.

- Advertisement -

Со цел да го олесни притисокот врз инфраструктурата на интернетот и да се спречи нејзино срушување YouTube донесе одлука во нарендите 30 дена да се намали резолуцијата на сите видеа на платформата.

Корисниците и понатаму ќе можат своеволно да го сменат квалитетот на поединечните видеа кои ги гледаат. Со ова YouTube му се приклучува на Netflix, кој најави намалување на квалитетот на стримингот во Европа за да се олесни напорот кој го трпи интернетот поради претераната употреба.

- Advertisement -

Марк Цукерберг, основач и сопственик на Facebook, неодамна изјави дека неговата компанија забележала досега невиден прилив на корисници, каков што не се случува ни во текот на божиќните и новогодишните празници. Корисниците на Instagram исто така го искористија вишокот слободно време во самоизолација и за малку не ја срушија платформата откако беше додадена нова опција Stay Home со помош на која можат да прикажат како го поминуваат времето дома додека трае изолацијата.

Сподели!
- Advertisement -