Кинескиот национален бродоградителски конгломерат China State Shipbuilding Corporation (CSSC) го испорача својот огромен контејнерски брод MSC Tessa на меѓународната бродарска компанија Mediterranean Shipping Company (MSC).
Со површина на палубата од околу 4 фудбалски игралишта, способен е да натовари до 24.116 TEU (6,1 м x 2,4 м x 2,6 м) контејнери одеднаш, наредени до висина од 26 метри. Ова е првиот контејнерски брод кој има носивост поголема од 240.000 тони, но интересно е тоа дека по должината и ширината (399,99 м x 61.5 м) речиси е идентичен со многу постари контејнерски бродови како Triple-E Maersk бродот од 2011 година, со должина од 399,2 метри. Исто така, интересно е што неговите наследници, MSC Irina и MSC Loreto, кои се прават по нарачка за истиот купувач, ќе носта уште неколку стотина контејнери плус, но нема да бидат физички поголеми.
Најголемиот брод во историјата, норвешкиот супертанкер Seawise Giant, беше долг 458,45 метри и широк 68,6 метри, а беше направен во доцните 70-ти години. Инаку, Giant во 1988 година беше потопен од страна на ирачките воздушни сили, а потоа спасен и поправен за повторно да заплови до 1991 година, после што се користеше до 2009 година.
Контејнерските бродови не се како супертанкери, кои можат да го достават течниот товар со големо црево. Пристаништата вообичаено поставуваат горни ограничувања на бродовите како MSC Tessa, а моменталните ограничувања веројатно ќе останат такви се додека одреден број пристаништа во светот не направат копнена инфраструктура за нешто поголемо. Со други зборови, MSC Tessa е фокусиран на ефикасноста, а главната иновација во таа смисла е системот за воздушно подмачкување, односно меурчиња воздух кои го намачуваат отпорот, за кој од CSSC тврдат дека ја намалува потрошувачката на енерргија, а со тоа и емисијата на стакленички гасови за 4%.
(Vidi.hr)
(фото: Evergreen)