Првиот паметен 5G рудник на дијаманти во светот

- Advertisement -

Првиот паметен 5G рудник на дијаманти во светот, Жуангенг, беше отворен во Боцвана благодарение на соработката на Huawei и рударската компанија Debswana. Со примена на современа технологија зголемена е ефикасноста и продуктивноста на работата, како и безбедноста на вработените и на опремата при експлоатацијата на најтврдиот скапоцен камен во светот.

Како што велат од рударскиот тим на Huawei, старите решенија во овој рудник имале две клучни ограничувања – недоволна покриеност со 4G/LTE сигнал и користење на јавна безжична мрежа.

- Advertisement -

Сега, благодарение на иновативните технологии, осигурана е стабилна конекција, која поврзува над 260 парчиња од опрема, како што се дупчалки, багери и камиони, а тоа ги прави пефикасни и поисплатливи за користење, појаснуваат од компанијата.

Huawei останува посветен на развојот на 5G мрежата, услугите во облак, вештачката интелигенција и другите иновативни технологии за да ги унапреди паметните решенија во рударската индустрија ширум светот.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -