Fashion-freelancer.mk – платформа која ја менува перспективата на идните дизајнери кај нас

- Advertisement -

Fashion-freelancer.mk e платформа преку која се оддржуваат обуки за моден дизајн во дигитален 3D софтвер и обуки за фриленсинг. Зошто фриленсинг? Бидејќи креирањето со помош на дигитална технилогија отвара можности за глобално работење како фриленсер.

Поразговаравме со Јасмина Чанева Лазовска, која е генерален менаџер во компанијата VM3D и основач на платформата fashion-freelancer.mk.

- Advertisement -

Здраво Јасмина, може ли накратко да ни кажете што се изучува на обуката „Дизајн на облека во 3D“?

На обуката „Дизајн на облека во 3D“ се изучуваат алатките на софтверот за 3D  дизајн дизајнирање и визуелизација на облека во истиот. Ние имаме обезбедено лиценца за 3D софтвер DC Suite за целите на обуката и учесниците за времетраење на тренингот добиваат бесплатен пристап до истата.

- Advertisement -

„Дизајн на облека во 3D“ овозможува сите кои имаат идеја за облека да ја визуелизираат на компјутер, да вршат моделирање, визуелизација во различни ткаенини и бои, едноставно нема ограничување на креативноста.

За да ги совладаат полесно алатките инстукторите им стојат на канидидатите   24/7 за прашања и одговори,а покрај предавања, имаме обезбедено дигитални материјали и прирачник за учесниците за подобро да го совладаат материјалот.

- Advertisement -

Обуката трае 13 недели, еднаш неделно се оддржува online предавање, по кое кандидатите добиваат работни задачи, за времетрање на обуката се организираат и работилници со физичко присуство, детали за обука може да најдете на www.fashion-freelance.mk

Кaков е досегашниот одзив и прифатеноста на 3Д дизајнот во Македонија?

Платформата fashion-freelancer.mk постои пет месеци, од октомври 2022 година, истата е поддржана од RECONOMY, во тек е третата обука за “Дизајн на oблека во 3D”. Имајќи во предвид модниот дизајн  во софтвер за 3D е релативно нов концепт кој на светско ниво постои 6-7 години, ние во Македонија ги повлекуваме првите чекори,а познавањето за начинот на работа и можностите кои се нудат се на релативно  оскудни кај нас, ние сме задоволни од одзивот и интересот кој постои, досега се имаат пријавено за обука околу 110лица.

Големата побарувачка, желба и потреба на учесниците во обуката да ги развијат своите вештини за нас претставуваше предизвик да ја прошириме понудата, па покрај основната обука понудивме обуки за конструкција на облека во софтвер за 3D – во рамките на овие специјализирани обуки кои траат по 5 недели учесниците ќе се стекнат со знаење на најбараната вештина – изработка на шаблон од модна скица.

Во тек се обуките за конструкција на – женска блуза, панталони, здолниште, фустан и градирање на облека.

Најчесто поставувано прашање е дали може кандидат без да има познавање на алатки во 3Д Софтвер да посетува обука за конструкција – одговорот е потврден – може, оваа група на кандидати добиваат бесплатно дополнително предавање за алатките кои им се потребни за да ја следат обуката.

Новитет претставува и обуката за визуелизација во CLO3D која трае 5 недели преку кој кандидатите го надополнуваат нивното знање за рендерирање во CLO.

Во склоп на обуката има дел за фриленсинг. Може ли да ни дадете повеќе детали за ова?

По изучување за дизајнирање на облека во 3D, учесниците ќе имаат шанса да научат како да станат фриленс дизајнери на облека во 3D. Што значи ова? Ова значи дека ќе научат како да станат конкурентни на пазарот. Ќе креираат профили на платформи за фриленсери, ќе научат како да се презентираат себе во најдобро светло, како да добијат клиент и како да комуницираат со клиент, како да ги подмират своите легални обврски и така натаму. Ова е процес што трае еден месец кој ќе го води искусниот фриленсер Блаже Спирески, кој своето знаење ќе го пренесе на нашите студенти.

Колку чини тренингот, кога започнува, уште колку места останаа, како ќе се спроведува, што е потребно и колку време трае?

Субвенционираната цена на тренингот Дизајн на облека во 3D чини 250 евра. Има опција и за плаќање на четири рати, додека специјализираните обуките за конструкција на облека – изработка на шаблон – чинат 150 еур. Следните групи започнуваат на 29 март 2023 година, уписите се во тек.

Во моментов имаме неколку слободни месета за Обуката за 3Д Дизајн, додека кај обуките за конструкција немаме ограничување бидејќи истете се работат во мали групи така да согласно потребите и можностите кандидатите се договараат со менторот по однос на тема, термин, динамика…..

Спроведувањето на тренингот е целосно онлајн, а терминот е во договор со ментор. За да се пријавите на тренингот потребен е компјутер со спецификации кои може да ги погледнете овде.

Тренингот е поддржан од програмата RECONOMY. RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Која е вашата порака за сите кои сакаат да станат фриленс дизајнери на облека?

Мојата порака за сите е иднинаа во модата е дигитална, ние сме паметна нација и треба да ги искористиме дигиталните можности кои ни се нудат да покажеме дека можеме и да го освоиме светот.

 Ние имаме посветени инструктори кои ќе ги научат како функционира дигиталниот моден дизајн кој се можностите и како можат да ги искористат за да си обезбедат глобална кариера.

Сподели!
- Advertisement -