Професор од Универзитетот на Јужна Флорида сака да живее под вода 100 дена да се обиде да го собори светскиот рекорд. Актуелниот рекорд за време поминато пов површината на водата е 73 дена, а професорот Дутури сака да го надмине.
Неговата цел е научна затоа што сака да утврди како реагира човечкото тело при долготрајна изложеност на екстремен притисок. Затоа професорот ќе живее на длабочина од 9,3 метри во Ки Ларг на Флорида.
Него постојано ќе го следи медицински тим кој ќе известува за здравствената состојба на 55-годишниот професор, така што ќе го посетуваат и ќе прават повеќе тестови. Дитури ќе мора да прави психосоцијални, психолошки и медицински тестови вклучувајќи тестови на крвта, ултразвук и електрокардиограм, како и тестови на матични клетки.
„Човечкото тело никогаш не било толку време под вода, така што внимателно ќе ме следат. Ова истражување ќе ги испита сите начини на кои ова патување ќе влијае на моето тело, но мојата нулта хипотеза е дека ќе дојде до подобрувањ ена моето здравје поради зголемениот притисок“ вели професорот.
Дитури ја заснова својата теорија на заклучоците од истражувањето во кое клетките изложени на зголемен притисок се дуплирале за пет дена. Тоа укажува дека зголемениот притисок може да им помогне на луѓето да ја продолжат својата долговечност и да спречат болести поврзани со стареењето.
Професорот претходно работел во Американската морнарица цели 28 години. Откако се пезнионирал во 2012 година, продолжил да се образува на универзитетот каде што работи за да стекне докторска диплома и да научи повеќе за трауматските повреди на мозокот.
(Klix.ba)
(фото: RawPixel)