Ватикан испраќа “сателит на надежта” во вселената

- Advertisement -

Ватикан вчера објави дека во вселената сака да испрати минијатурна дигитална книга со порака за надеж која папата Фрањоја упати во 2020 година, среде пандемијата на КОВИД-19. Нано-книгата ќе биде лансирана во орбитата на висина од 525 км со ракетата Falcon 9 на SpaceX, која ќе полета на 10 јуни од Ванденбург во Калифорнија.

Микрогравираниот електронски дел од едвај 2 мм ќе биде ставен на вистински сателит од околу 30 см наречен CubeSat, опремен со соларни плочи, а го дизајнираа студенти од Политехничката школа во Торино. На него ќе биде снимен говорот кој го одржа папата Фрањо на 27 март 2020 година.

- Advertisement -

Тој ден поглаварот на Католичката црква се појави сам на пустиот плоштад Свети Павле, среде дожд и ги повика исплашените и изгубени луѓе да ги преиспитаат своите приоритети.

Проектот со нано-книгата на латински се вика Spei Satelles (сателит на надежта). Уште не е познато колку ќе чини, а заеднички ќе го реализираат Ватикан, Италијанската вселенска агенција и повеќе италијански институти.

- Advertisement -

Целта на оваа сорбаотка е да се испрати говорот на папата надвор од границите на Земјата за од вселената да допре до што повеќе жители на нашата планета кои поминуваат низ тешкотии, објаснија од Италијанската вселенска агенција.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -