ВИДЕО: BMW воведува хуманоидни роботи во производството

- Advertisement -

После Teslа, и BMW ќе воведе хуманоидни роботи во производсвото. Калифорнискиот стартап Figure објави дека почнал соработка со BMW на проект за развој и имплементација на хуманоидни роботи. Од ВMW се надеваат дека роботите ќе ги користат на производни линии во Спартанбург во Јужна Каролина.

Ова е прва голема задача за Figure, компанија која е основана во 2022 година, а од нивното видео може да се види дека веќе се напред со развојот. Така, веќе имаат хуманоиден робот способен за сложени работни процеси како што е правење кафе со помош на апарат за кафе.

- Advertisement -

„Роботиката на принцип на специјализирана намена е заситена на комерцијалниот пазар со децении, но потенцијалот на роботиката за општа намена е целосно неискористен. Роботите на Figure на фабриките ќе им овозможат продуктивност, намалени трошоци и создавање безбедна средина“ велат од Figure.

Процесот на имплементација на роботите почнува кога експертите на Figure ќе го снимат детално производниот процес. Првите роботи во фабриките треба да пристигнат во наредните две години. Станува збор за роботи кои можат да соработуваат со луѓе, што е многу битно во овој случај. Имено, во Спартанбург се вработени 11.000 луѓе, од кои најголем дел се во производството.

Моментално Tesla ги има роботите Optimus, a Hyundai забрзано работи во соработка со Boston Dynamics на понатамошна автоматизација на производството.

- Advertisement -

(Index.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -