Швајцарската компанија Destinus развива патнички авион на погон на водород, кој ќе го намали траењето на летот од Европа до Австралија на само четири часа. Destinus го тестира авионот веќе две години, а на крајот на 2022 година соопштија дека направиле успешни летови. Сега шпанското Министерство за науки го избра Destinus да учествува во стратешка иницијатива и обезбеди средства за истражување и развој на суперсонични летови со користење водород како гориво.
На проектот вреден 12 милиони евра работат компании, технолошки центри и шпански универзитети, а Destinus соработува и со шпанската компанија за производство на мотори ITP Aero на изградбата на фабрика за тестирање мотори на водород. Шпанската влада ќе ја финансира изградбата на тест фабрика во близина на Мадрид, додека друг проект вреден 15 милиони евра ќе биде фокусиран користење на течен водород.
Destinus тврди дека неговата технологија ќе овозможи летот од Франкфурт до Сиднеј ќе трае само 4 часа и 15 минути, а летот од Франкфурт до Шангај само 2 часа и 45 минути. Проектот е дел од напорите на Шпанија да биде прва во развојот и производство на база на водород наменет за транспорт во различни области.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)