Новите модели на iPhone ќе имаат поддршка за сателитска комуникација

- Advertisement -

Останува уште помалку од еден месец до претставувањето на новата генерација на iPhone, а на крајот на минатата недела на интернет се проширија гласини за потенцијалните нови опции кои ќе ги имаат новите телефони на Apple. Информациите доаѓаат од доверливиот извор , аналитичарот Минг-Чи Куо, кој верува дека четирите модели на iPhone 13, ќе имаат поддршка за сателитска комуникација, односно т.н. LEO (low earth orbit) начин на сателитска комуникација.

Има многу непознати детали за овие потенцијални опции, но ако е вистина тоа што го најави Куо, тоа значи дека со тие уреди ќе може да се телефонира и да се испраќаат пораки дури и кога немате мобилна конекција. Наместо мобилни антени, телефонот ќе се поврзува на сателити и така ќе овозможува комуникација.

- Advertisement -

Идејата за поддршка за сателитите не е нова и се споменуваше уште пред две години, а за неколку недели ќе дознаеме дали навистина корисниците на идните генерации телефони ќе комуницираат преку сателит. LEO опцијата наводно треба да ја овозможи новата прилагодена верзија на модемот Х60 на Qualcomm, кој ќе поддржува сателитска комуникација.

Не е познато дали таквата комуникација ќе биде достапна на сите модели на iPhone или само на Pro моделите, а прашање е и дали таа опција ќе биде бесплатна за корисниците како што е GPS или ќе се наплаќа. Овие гласини ќе бидат потврдени или негирани на 14 септември, кога ќе бидат претставени новите моделите на iPhone.

- Advertisement -

(9to5mac)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -