Прехранбените компании повеќе немаат субвенционирана цена на струјата

- Advertisement -

Од вчера прехрамбените компании во земјата произведуваат без субвенционирана електрична енергија на слободниот пазар од 80 евра по мегаватчас.

Бидејќи поголемиот дел од нив не ги намалија цените на производите, државата одлучи да ги раскине договорите за евтина струја со нив, а паралелно донесе одлуки за замрзнување на цените на некои од нив.

- Advertisement -

Оваа субвенционирана струја ja добиваа околу 400 прехрамбени компании од ЕСМ. 

Од Владата претходно информираа дека нема да има последици, односно одговорност, за ваквото повлекување на мерката која се финансираше од буџетот, бидејќи неиспочитуваниот договор бил џентламенски со коморите.

- Advertisement -

Кариера.мк

Сподели!
- Advertisement -