Со Триглав Осигурување до поголема безбедност во сообраќајот, проект “Безбедни првачиња“

- Advertisement -

 

Во текот на септември и октомври оваа година, Триглав Осигурување, во рамките на проектот „Заедно за поголема безбедност во сообраќајот“, спроведе акција под наслов „Безбедни првачиња“, во која на повеќе од 3600 првачиња додели безбедносни елечиња. Акцијата ја спроведовме со цел да ја зголемиме нивната безбедност во сообраќајот, како и да ја подигнеме нивната свест за важноста на внимателното движење во сообраќајот

Oдговорностa е една од главните вредности на Групацијата Триглав, чиј член е Триглав Осигурување, а градењето безбедна иднина за средината во која што работиме го вградуваме во секој аспект од нашето работење. Токму затоа, одлучивме да превземеме чекори кон подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Акцијата Безбедни првачиња беше спроведена во вкупно 50 основни училишта низ цела Македонија, во кои, покрај краток едукативен дел за основните правила во сообраќајот, на повеќе од 3600 првачиња им беа доделени флуоресцентни елечиња за безбедно движење во сообраќајот. Во дел од училиштата присуствуваше и нашата маскота – Кучето Пази, која предизвика дополнителна радост кај децата.

- Advertisement -

Сметаме дека е важно децата да се едуцираат и од најрана возраст да ги усвојат основните навики и правила за движење на пешаците во сообраќајот. Употребата на безбедносни елеци придонесува кон поголема видливост на најмладите во сообраќајниот метеж, а со тоа и кон нивна зголемена безбедност. На овој начин сакаме да придонесеме кон подигнување на свеста и кај возрасните учесници во сообраќајот, да забележат дека има деца секаде околку нас и дека треба крајно внимателно и одговорно да се однесуваме во сообраќајот, за поголема безбедност на сите,“ изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

Акцијата наиде на позитивни реакции во сите основни училишта, а Триглав Осигурување и натаму ќе продолжи да работи на проекти за безбедност на децата во  сообраќајот. Оваа акција претставува почеток и се надеваме дека ќе прерасне во традиција, препознатлива за компанијата, којашто ќе придонесе кон посигурно општество.

Сподели!
- Advertisement -