Нов Зеланд сака да стане „нација на темно небо“

- Advertisement -

Последните години се повеќе слушаме за загадувањето на животната средина и на Земјата, но дали сте слушнале за светлосно загадување. Во светот се повеќе се зборува на оваа тема и а влијанието на светлосно загадување врз животната средина и врз дравјето на луѓето, како и губењето на ноќното небо како културен и природен ресурс.

За да преземе нешто во врска со тоа владата на Нов Зеланд воведе низа мерки за промовирање на туризмот на темното небо и заштита на своето ноќно небо. Всушност, Нов Зеланд има за цел да стане нација на темно небо со сертификат од Меѓународното здружение на темно небо. Ова е цел без преседан за земја со големина на Нов Зеланд. Оваа иницатива ја предводат Маорите, автохтон народ од Нов Зеланд, сакајќи да ја прошират свеста за еколошката и културната важност на зачувувањето на ноќното небо.

- Advertisement -

Ако досега не сте слушнале за ова движење, станува збор за кампања за намалување на светлосното загадување.Да се стане најголема светска нација на темно небо може да има и битен економски бенефит за Нов Зеланд затоа што астротуризмот е растечка индустрија која привлекува посетители од целиот свет.

А што ќе биде кога Нов Зеланд ќе стане нација на темно небо? Нацијата на темно небо е земја која преела мерки за да го заштити и да го зачува ноќното небо со намалување на светлосното загадување и промовирање на одговорна практика на осветлување. Ова вообичаено вклучува примена на стандарди и прописи за осветлување за да се намали влијанието на вештачкото светло врз животната средина и здравјето на луѓето, но и за промовирање на туризмот и образованието на оваа тема.

- Advertisement -

И покрај релативно ниското светлосно загадување на Нов Зеланд, се очекува дека овие амбициозни напори да се намали светлосното загадување ќе траат најмалку три години.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -