Овој еколошки дрвен лаптоп е дизајниран со цел да го намали електронскиот отпад

- Advertisement -

Иноваторите од “I Am Eco” направија одржлив лаптоп кој е нов член во низата еколошки технолошки производи. Групата од Даблин е загрижена поради електронскиот отпад, кој и наштетува на планетата поради токсичните материјали кои се користат во технологшката индустрија.

Тимот одлучи да преземе нешто и го направи првиот еколошки компјутер во светот со екран на допир, како и дрвен лаптоп. Одржливоста на производите на I am Eco почнува со дизајнот, кој се фокусира на трајност. Од компанијата тврдат дека нивните компјутери работат трипати подолго од другите производи на пазарот. Со системи кои траат до десет години, оваа зелена технологија го намалува е-отпадот.

- Advertisement -

Сигурно сега си мислите дека технологија се развива толку брзо што е невозможно еден компјутер да се користи десет години. Но, од I am Eco имаат решение. Инженерите направија модуларен дизајн, што значи дека одделни компоненти од лаптопот може да се менуваат како што стануваат застарени, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

Освен тоа што може да се менуваат деловите за да не се создава отпад, компанијата ги елиминираше и токсичните хемикалии како што се олово, кадмиум, жива и бромирани огноотпорни материјали. Тоа значи дека лаптопите се поздрави за употреба и за корисникот и за планетата. Овие лаптопите трошат една третина помалку енергија од другите и не содржат пластика направена од нафта. Наместо тоа, тимот користи природен јасен, јавор и бука од оддржливи шуми.

За производство на d4r лаптопот се троши 75% помалку вода, а 70% од неговите делови можат да се реупотребат и да се рециклираат. I am Eco исто така прави дрвени тастатури, глувци итн.

Сподели!
- Advertisement -