Активни во Маврово преку целaта година

- Advertisement -

Раскошната природа, бајковитите села, коњите во природа, мијачката култура, превкусната храна и пејсажите кои како слика вечно се врежуваат во меморијата се одлики на мавровскиот крај, кои од година во година привлекуваат сè повеќе гости, туристи, планинари и вљубеници во природата. За разлика од минатото кога Маврово беше синоним за зимски ски-туризам, денес сè повеќе посетители доаѓаат во прегратките на природната убавина во текот на целата година.

Трендот на планинарење стана доминантен и во нашата земја и сè повеќе луѓе сфаќаат дека престојот во природа е потреба за организмот, за подобро здравје, за стекнување подобра физичка и психичка кондиција.

- Advertisement -

Проектот „Слободен спуст Маврово преку целата година“ во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност имаше за цел да ја подобро и збогати понудата на овој регион со цел во текот на целата година посетитетиле да можат да најдат интересна активност и причина што подолго да се задржат овде.

Клучните активности кои се реализираа се однесуваа на рехабилитација на постојното бачило (ресторан) во ЕКО ресторан и подобрување на инфраструктурата за најразлични активности. Така, се постави полигон „boot camp“ – мултинаменски терен за тренинзи на поединечни групи, погоден за организирање тим-билдинг активности и за организирање на настани (трки), а се изгради и велосипедски адреналински парк составен од две стази адаптирани на благ воздржан терен и адаптирани за најмладата и семејната публика, како и за почетници.

- Advertisement -

Проектот „Free Ride Mavrovo – all year long!“ имаше цел да ги помести класичните очекувања од една зимска дестинација, правејќи ја доволно атрактивна и привлечна во текот на целата календарска година. Како „Ресорт Маврово“, со реализацијата на проектот и со негово интерполирање во нашите понуди, успеавме да допреме една нова димензија во промовирање на туристичка дестинација, повисоко ниво на активен туризам и угостителство. Во текот на изминатите две години „Ресорт Маврово“ ги разработи ниските туристички сезони и го дуплираше капацитетот во опслужување на гости во високата зимска сезона, вели Огњан Циговски, генерален менаџер на „Ресорт Маврово“.

Во рамки на проектот беше набавена значителна опрема, која сериозно го зголеми инфраструктурниот капацитет на ресортот, како кабина за ратрак, багер, опрема за безбедност на тури во снежни услови, фри рајд скијање, опрема за велосипедски парк и велосипеди, како и означување на патеките.

- Advertisement -

Вкупниот буџет за проектот изнесуваше 450.036 евра, од кои 227.480 евра беа финансирани од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а 222.556 евра се самофинансирање.  

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) беше проект финансиран од ЕУ насочен кон подобрување на придонесот на туризмот кон локалниот економски развој.

DCIM100MEDIADJI_0944.JPG
Сподели!
- Advertisement -