„Чиста навика“, eко-акција на вработените во Комерцијална банка

- Advertisement -

Вработените и менаџерите во Комерцијална банка АД Скопје, поддржани од македонски музички ѕвезди и Пакомак, во сабота, 9 јуни, преку волонтерска еко-акција „Чиста навика“ за чистење на Градскиот парк и кејот ќе го дадат својот придонес за подигнување на свеста за потребата од поголема грижа за животната средина

Со оваа акција Комерцијална банка АД Скопје и нејзините вработени, поддржани од Пакомак и македонските музички ѕвезди Влатко Стефановски, Весна Гиновска Илкова и членовите на групата Синтезис, ќе покажат уште еднаш дека како свесни и одговорни
членови на општеството знаат што се добри и здрави навики.

- Advertisement -

Со самоиницијативното чистење на Градскиот парк и кејот, Комерцијална банка ќе потсети колку малку треба за да имаме здрава и чиста околина, со која сите ќе се гордееме. Грижата за околината е една од важните одредници на општествено одговорното
работење на Комерцијална банка и во согласност со тие вредности го инициравме овој екопроект. Ова е само еден мал чекор, но нашата цел е овие акции да продолжат и да вклучат што повеќе граѓани и институции, бидејќи грижата за околината е наша заедничка
одговорност.

Еко-акцијата ќе се спроведе на 9 јуни (сабота) од 9.00 до 10.30 часот. Акцијата ќе биде под мотото „Чиста навика“ бидејќи тоа е дел од позитивните навики на банката и на вработените во грижата за општеството. За жал, постојат бројни локации, во и надвор од
населените средини, кои се загадени со отпад, за што одговорност имаат и самите граѓани, чија еколошка свест треба да биде на повисоко ниво.

- Advertisement -

Оваа акција е надополнување на веќе иницираните активности на Комерцијална банка за заштита на околината. Банката во изминатиот период набави службени велосипеди за вработените со цел да се намали употребата на автомобили, постави еко-пораки на
слиповите од банкоматите, презема активности за намалување на употребата на хартија и на потрошувачката на електрична енергија, редовно врши рециклирање итн.

Сподели!
- Advertisement -