На Германија и недостигаат 60.000 инсталатери за греење, соопшти Централното здружение за санитарија, греење и климатизација во земјата (ZVSHK). Овој број на инсталатери е потребен за опслужување на сите пазари, а не само за вградување нови системи за греење, изјави генералниот директор на ZVSHK, Хелмут Браман.
Според Браман, нацрт-законот за замена на греењето, кој го усвои германската влада, не е причина за загриженост. „Вградувањето топлински пумпи не е некаква наука. Многу од тоа што треба да се знае за да инсталираат топлински пумпи одамна им е познато на компаниите и исто така се учи во текот на обуките“ вели Браман.
Шефот на компанијата Vailant, која е производител на топлински пумпи, Норверт Шидек, смета дека има смисла да се инсталираат овие системи во најголем дел од домаќинствата.
„Се претпоставува дека до 70% од зградите во Европа може да се загреваат со топлински пумпи без големи реновирања“ вели Шидек.
Германската влада го одобри нацрт-законот со кој од идната година се налага сите нови системи за греење, кои се инсталираат во нови и во стари згради, мора да користат 65% од енергијата од обновливи извори, пренесува Reuters.
Inaku, пред неколку дена беа објавени резултатите од една студија кои покажуваат дека во Германија недостигот на квалификувани работници достигнал рекордни размери во 2022 година.
(Bizlife)
(фото: Pxfuel)