Русија лани доби 22 нови милијардери, и покрај санкциите од Западот

- Advertisement -

Русија минатата година добила 22 нови милијардери, покажа новата листа со милијардери на Forbes. Сега вкупно има 105 руски милијардери вредни вкупно 474 милијарди долари, што е голем скок од 320 милијарди долари во 2022 година. Оваа бројка е значително поголема од 83 милијардери во март 2022 година, но сепак помала од 117 милијардери, колку што имаше во 2021 година и чие богатство вредеше 580 милијарди долари.

Западот и сојузниците воведоа низа економнски санкции против Русија после инвазијата врз Украина, но земјата некако успеа да изроди 22 нови милијардери. Руското издание на Forbes, пак, кое беше објавено минатиот петок, наведе дека Русија има 110 милијарди со колективно богатство од 505 милијарди долари. На тоа локално издание се наоѓаат и Павел Дурв, по потекло од Русија, а сега е основач на Telegram, како и браќата Дмитри и Игор Букман, кои ја основаа компанијата за онлајн игри Playrix.

- Advertisement -

Според американското издание на Forbes, Дуров е жител на ОАЕ, а браќата Букман се жители на Израел.

Најбогатиот човек во Русија моментално е Андреј Мелниченко, чие богатство минатата година скокна од 11,1 милијарди на 25.,2 милијарди долари. Главната причина за тоа се неговите бизниси со ѓубрива и јаглен.

- Advertisement -

Наспроти руските милијардери, американските и кинеските лошо го поминаа истиот период и во САД милијардерите колективно изгубија 200 милијарди долари од март 2022 година до март 2023 година, а во Кина 735 милијардери вкупно изгубија 300 милијарди долари во истиот период, покажуваат податоците на Forbes.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -