Се подготвува историски лет со т.н. „син конкорд“

- Advertisement -

Патувањето на долги релации меѓу градовите во иднина би требало да биде пократко благодарение на авионите кои ќе летаат со суперсонична брзина. Единствениот таков комерцијален патнички авион досега беше „конкорд“, кој беше пензиониран на почетокот на овој век. И покрај големиот напредок во технологијата и зголемената побарувачка за патување, патничките авиони летаат со брзина под 1 мах повеќе од 20 години.

Според тоа, ова може да се промени во текот на следните години. Неколку компании развиваат и тестираат таква технологија, а се чини дека американската компанија Boom Technology можеби постигнала најголем напредок со нејзиниот развој. Тие со години го тестираат авионот XB-1, кој медиумите го нарекоа „син конкорд“, а сега најавија историски чекор за компанијата и голем чекор за суперсоничниот превоз на патници.

- Advertisement -

Имено, тие подготвуваат пробен лет за оваа недела, при што нивниот авион за прв пат треба да ја пробие звучната бариера и да достигне брзина над 1 мах. Во пилотската кабина ќе биде пилотот Тристан Гепето Бранденбург, кој претходно го управувал овој авион за време на пробните летови, а зад него ќе лета авион Т-38, кој ќе го снима летот и ќе пренесува се во живо.

Летот е закажан за денес, но датумот и времето може да се променат, во зависност од временската ситуација. Додека самиот лет ќе трае помеѓу половина час и 45 минути, XB-1 треба да лета околу четири минути со суперсонична брзина. Како и пред секој лет, Бранденбург ќе помине одредено време во симулаторот XB-1, што ќе му помогне подобро да разбере како авионот треба да се однесува во одредени ситуации. На теренот летот на Бранденбу“рг, меѓу другите, ќе биде придружуван и од Мајк Банистер, поранешен пилот на British Airways, кој управувал со „конкорд”. Тој нагласи дека без разлика колку пати летате со суперсонични брзини, тоа е секогаш посебно искуство кое секој пат ја носи истата возбуда.

- Advertisement -

За време на последниот тест XB-1 достигнал брзина од 0,95 маха, па не ја пробил звучната бариера, што сега ќе се обиде да го направи следната недела.

Авионот досега добил дозвола за летање во две зони, вклучително и коридорот во пустината Мохаве во Калифорнија, лоциран во близина на воена воздухопловна база. Во истата област во 1947 година Чак Јегер ја проби звучната бариера за прв пат во историјата со авионот Bell X-1.

- Advertisement -

(The Sun)

(фото: Boom Technology)

Сподели!
- Advertisement -