Промовирана веб-платформата „е-здравство“ со онлајн информации за вакцини, рецепти и упати

- Advertisement -

Информации за тоа кога треба да го однесете вашето дете на вакцина, информации за Програмата за рана детекција на малигни заболувања, податоци во реално време за бројот на издадени упати и рецепти, се само дел од новините што ги нуди новата веб-платформа е-здравство која беше промовирана денеска. Веб-платформата е изработена од Управата за електронско здравство, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД.

„Оваа година УНИЦЕф одбележува 30 години постоење во Македонија. Ние се грижевме и за имунизационата програма на земјата поради прекинот на системот за снабдување со вакцини поради војните на тогашна Југославија. Целта е секое дете да има пристап до вакцини за да може правилно да се развива и да расте. Живееме во дигитална ера, веруваме дека информациите се лесно достапни. Но, во земјата, еден од четворица родители смета дека нема доволно информации во врска до вакцинацијата на децата. Затоа е важно информирањето“, рече претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патеиција ДиЏовани.

- Advertisement -

Токму затоа, појасни таа, треба да се поддржуваат вакви информативни извори како сајтот е-здравство, кој ќе обезбедува најнови информации кои ќе ѝ помагаат на јавниста, на родителите да се информираат.

„Се надеваме дека со ова ќе се обнови довербата во вакцините. Неделата на имунизација започнува денес, а вакцините спасуваат до три милиони детски животи од смртоносни болести“, рече таа.

Сподели!
- Advertisement -