Над 130 милиони евра до крајот на годината достапни за малите и средните претпријатија

- Advertisement -

На малите и средни претпријатија до крајот на годината ќе им бидат на располагање 136 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка, ЕБОР и од ЕУ инвестициски грантови.

Ова го најави минситерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА, во кое истакнува дека е важна поддршката од странските инвестициските банки за приватниот сектор во Македонија особено за малите и средните претпријатија на кои им е потребен пристап до евтини средства.

- Advertisement -

„На Годишните средби на ЕБОР, кои се одржаа неодамна, стана збор за Програмата на ЕБОР за подобрување на конкурентноста и иновативноста на локалните мали и средни претпријатија. Станува збор за кредитна линија од 30 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра од ЕУ инвестициски грантови и техничка помош. Преку оваа програма домашните комерцијални банки би го зголемиле кредитирањето на локалните фирми под поповолни услови. Во јуни се очекува првите 10 милиони евра да бидат потпишани со комерцијалните банки, по што би станале достапни за фирмите.“, истакнува Тевдовски.

Тој додава дека на малите и средните претпријатија од вториот дел на годинава ќе бидат достапни и 100 милиони евра од евтината кредитна линија на Европската инвестициска банка.

- Advertisement -

„Постапката за склучување на договор за нова транша со ЕИБ е отпочната. Се очекува договорот да потпише во вториот дел на годинава, по што евтините кредити ќе им бидат достапни на малите и средни претпријатија преку Македонската банка за поддршка на развојот.“, вели министерот за финансии.

Тој посочувајќи дека Владата се залага кај круните инфраструктурни проекти дел од потребитените средства да се обезбедат преку грантови, вели дека се настојува да се искористат фондовите и средствата кои стојат на располагање.

- Advertisement -

„Настојувањето да се искористат фондовите и средствата кои ни се располагање е особено важно во контекст на доброто менаџирање на јавниот долг, бидејќи се преземаат значително помалку обврски за исплата во иднина. И поддршката во вид на заеми од развојна банка како ЕБОР е значајна, бидејќи станува збор за ниски каматни стапки и подолги периоди на исплата.“, додал министерот за финансии.

Сподели!
- Advertisement -