Американската војска на чекор до воведување очила за проширена реалност за своите војници

- Advertisement -

Американската војска е на чекор до воведување очила за проширена реалност, се вели во пишаните сведочења од сведочењата за буџетот во американскиот Конгрес.

Даглас Буш, помошник на воениот ексретар за набавка, логистика и технологија, во своето сведочење наведе дека војската е пред воведување на системот IVAS 1.0 во избрани единици за обука и IVAS 1.1 во оперативните единици и тоа веќе во 2024 година.

- Advertisement -

IVAS (Integrated Visual Augementation System) очилата се базирани на НoloLense технологијата на Microsoft и ги користат услугите на Microsoft во облак за управување. Иако договорот меѓу војската и Microsoft е потпишан уште во март 2021 година, проблемите со користењето и посебниот надзор од Министерството за одбрана, но и војниците кои не се баш среќни што ќе ги носат во услови на активна борба, влијаеја на тоа очилата уште да не се во употреба.

И покрај сите проблеми и приговори од Конгресот, американската војска е уверена ека токму очилата IVAS ќе го сменат начинот на кој војниците дејствуваат на бојното поле.

- Advertisement -

„Моментално очилата се гломазни, но она што тие ќе го направат е што ќе го сменат начинот на кој лидерите и војниците дејствуваат на бојното поле. Мора да бидеме трпеливи, но тоа секако мора да го направиме“ велат од американската војска.

Тие развојот на IVAS го споредуваат со развојот на мобилните телефони. Објаснуваат дека на почеток некој почнал со гломазем телефон акачен на ѕид, а денес имаме смартфони кои можат да репродуцират филмови, да фотографираат и да даваат навигација. Уверени се дека за 5-10 години ќе биде незамисливо да се види војник на бојното поле без очила за проширена реалност како што се IVAS.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -