Европската вселенска агенција ќе развива нуклеарна ракета за истражување на длабоката вселена

- Advertisement -

Европската вселенска агенција финансира неколку истражувања кои се занимаваат со употреба на нуклеарен погон за истражување на длабоката вселена. За погон во вселената моментално се користи хемиско гориво, електрична или соларна енергија. Проблемот со кој се соочуваат сите вселенски агенции е што овие погонски методи имаат свои физички граници. Електричниот погон базиран на нуклеарна енергија би можел да ги надмине тие граници и да ги лансира вселенските мисии во нова доба, што на човештвото би му овозможило да стигне подалеку во вселената отколку кога било порано.

Едно од истражувањата кои ги финансира Европската вселенска агенција е pReliminary eurOpean reCKon on nuclEar elecTric pROpuLsion for space appLications (RocketRoll), а го предводат научници од Универзитетот Прага, Универзитетот Штутгарт и инженери од OHB Chechspace и OHB System во Бремен.

- Advertisement -

„Нуклеарниот погон може да биде поефикасен од хемискиот погон, но и да го надмине соларниот електричен погон и така да овозможи истражување на места кои со моменталната технологија не може да се достигнат. Ова е голем предизвик за идните вселенски мисии надвор од Сончевиот систем“ вели Јан Фриборт,главен истражувач на нуклеарна технологија на Техничкиот универзитет во Прага.


Новите методи на погон се особено битни затоа што човештвото напредува кон одржливи вселенски мисии, па дури и поставување бази на Месечината и на Марс. Тоа ќе бара испорака на опрема и залихи на површината на Месечината и Марс.

- Advertisement -

„Главната предност во однос на хемиската реакција е ефикасноста на моторите. Предноста во однос на соларната електрична енергија е поголемата излезна моќ и независноста од изложување на директна сончева светлина, посебно во случај на транспорт на тежок товар со други временски ограничувања и истражувања надвор од орбитата на Марс“ велат од OHB Chechspace.

Научниците и инженерите имаат 11 месеци за да направат студија за изводливост во рамките на подготвителната програма ESA Future Launchers (FLIPP) и да ги утврдат преднсотите од новата метода. Целта на студијата е да ја истражи можноста за користење на нуклеарно гориво за захтевни истражувачки мисии и вселенска логистика, додаваат од OHB Czechspace.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: SpaceX)

Сподели!
- Advertisement -