Меѓународната агенција за енергија (IEA) во своето годишно издание на извештајот Global Electric Vehicle Outlook 2023 напиша дека глобалната продажба на електрични возила се зголемила за 55% во 2022 година, а овој раст се очекува да продолжи и во 20203 година. За годинава се очекува раст од 35%.
Во извештајот се вели дека електричните возила ќе заштедат најмалку 5 милиони барели нафта дневно до 2030 година, што е доказ за огромните импликации на електрификацијата во енергетскиот сектор, особено нафтата.
Извештајот индицира дека над 10 милиони електрични возила биле продадени во 2022 година, а најголем дел од таа бројка отпаѓа на Кина, Европа и САД. Кина е лиде во продажбата на електрични возила и зазема околу 60% од глобалниот пазар во 2022 година, но Европа и САД исто така забележаа голем скок на продажбата од 15%, односно 55% во 2022 година.
IEA исто така ја потенцира улогата на амбициозните програми за поттикнување на продажбата во големите економии, како што е Fit for 55 во ЕУ и Inflation Reduction Act во САД, кои се очекува дополнително да го зголемат пазарниот колач на електричните возла. До 2030 година просечниот удел на електричните возила во вкупната продажба во Кина, ЕУ и САД се очекува да достигне околу 60%.
Освен тоа, извештајот индицира и дека се поголемата побарувачка за електрични возила има позитивни ефекти врз производството на батерии и синџирот на набавка.Според сценариото IEA Net Zero Emissions by 2050 Scenario, се очекува најавените проекти за производство на батерии да ја задоволат побарувачката за електрични возила до 2030 година. Сепак, производството на возила и батерии главно е концентрирано во Кина.
(Interesting Engineering)
(фото: Pxhere)