Повеќе од половина од луѓето во светот не можат да си дозволат здрава исхрана

- Advertisement -

Според извештај на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, над 3 милијарди луѓе во светот не можат да си дозволат здрава исхрана. Најголем дел од земјите каде што живеат тие луѓе се во Африка, каде што вкупно 1,89 милијарди луѓе не можат да си дозволат исхрана која ги задоволува нивните дневни потреби за хранливи материи.

Над 90% од луѓето во супсахарските земји во Африка не можат да си дозволат здрава исхрана. Со влошувањето на климатските промени и се поголемата побарувачка за храна поради растечката популација, мора да се подобри земјоделството во целиот свет.

Иако не се главни теми во глобалните вести, гладот и неухранетоста се проблеми со кои се соочуваат милиони луѓе во светот. Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН, над 3 милијарди луѓе во 2020 година не можеле да си дозволат здрава исхрана, што е 112 милиони луѓе повеќе отколку во 2019 година. Растот на оваа бројка е последица на се повисоките цени на храната.

- Advertisement -

Од август 2022 година индексот на цените на организацијата се покачил за 40,6% од просекот во 2022 година. Освен ако пропорционално не се зголемат приходите на луѓето, кризата со здравата исхрана веројатно ќе биде уште полоша, особено во земјите со ниски примања, кои се најпогодени од инфлацијата.

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, направена е мапа на која најдобро се гледа колку луѓе не можеле да си дозволат здрава исхрана во 138 земји во светот во 2020 година, кога се добиени последните податоци.

- Advertisement -

Оттаму може да се види дека во 52 земји над 50% од популацијата не може да си дозволи здрава исхрана. Најголем дел од нив се во Африка, а остатокот се во Азија, Океанија и во Северна и Јужна Америка. Во четири земји во светот – Азербејџан, Исланд, Швајцарија и ОАЕ – секој може да се дозволи здрава исхрана. Слична е ситуацијата во повеќето европски и развиени земји со високи примања, каде што над 95% од населението може да си дозволи здрава исхрана/

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: WEF)

Сподели!
- Advertisement -