Најголемиот проект за отстранување на јаглерод од воздухот ќе чисти 9 милиони тони CO2 годишно

- Advertisement -

Проектот NextGen CDR Facility, која е резултат на соработката на швајцарската консултантска компанија за карбонски отпечаток South Pole и јапонскиот конгломерат Mitsubishi Corporation, објави дека од вкупно три проекти досега има складирано 193.125 тони СО2, што моментално е најголемото такво портфолио во светот.

Оваа количина е 25% од досега складираниот јаглерод. Со цена од 200 долари по тон, NextGen ќе го направи складирањето јаглерод достапно за корпоративните купувачи. Во нивното портфолио има повеќе техники за отстранување на јаглерод диоксидот од воздухот, како што се остранување и складирање на карбонска биомаса, директно заловување на јаглеродот од возудхот и негово складирање, биојаглен на висока температура, како и минерализација на производи.

- Advertisement -

Сите нивни проекти ќе бидат сертифицирани и валидирани во согласност со стандардите кои ги поддржува невладината алијанса International Carbon Reduction and Offset Alliance. Најпрвин ќе го земат отстранетиот јаглерод со проектот DACS, кој го развива 1PointFive во Тексас, и се проценува дека годишно ќе може да складира до 500.000 тони CO2 кога ќе биде целосно оперативен.

Освен тоа, ќе се складира и јаглеродот од најголемиот технолошки проект за отстранување на јаглеродот во светот, Summit Carbon Solutions, вреден 5,1 милијарди долари.

- Advertisement -

Проектот NextGen CDR Facili ќе исчисти се на се 9 милиони тони јаглерод диоксид годишно преку остранување, транспорт и долгорочно складирање на јаглерод преку биогенетичко отстранување.

Првиот високотехнолошки проект со биојаглен во светот од страна на компанијата за климатска технологија Carbo Culture во Финска исто така ќе придонесе во складираните количини јаглерод.

- Advertisement -

До 2025 година се очекува NextGen да има акумулирано складирани количини од над милион проекти за остранување на СО2.

Освен драстичните иницијативи за декарбонизација и избегнување на емисијата на гасови, како што се зачувувањето на шумите, потррбни ни се технички и природни решенија ако сакаме да достигнеме нула нето емисија на стакленички гасови до 2050 година.

Во последниот извештај State of Carbon Dioxide Removal се проценува дека отсега до 2030 година дотоплнителни 1 гигатони јаглерод ќе мора да се отстранат гходишно, што е дупло поивече од она што се прави сега.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -