ВИДЕО: Мобилен робот за полнење електрични автомобили

- Advertisement -

Се повеќе се зголемува бројот на електрични автомобили во светот и во наредната деценија треба да го надмине бројот на бензинците, но инфраструктурата за полнење не го следи тој тренд и во најголем дел од светот не е лесно да се најде паркинг место или гаража со специјален полнач, а тоа посебно ќе стане проблем кога на една локација за полнење ќе чекаат повеќе возила.

Тие што имаат можност за полнење во своите домови или гаражи имаат нешто помалку проблеми, но се соочуваат со истите тешкотии ако сакаат да одат на подалечна дестинација.

- Advertisement -

Компанијата Autev е една од компаниите кои сметаат дека би било подобро и поевтино на тој проблем да му се пристапи така што автомобилот ќе дојде да го наполни мобилен робот отколку да гради се повеќе специјализирани паркинзи со инфраструктура за полнење.

Затоа Autev направи робот кој во суштина е голема батерија или powerbank на тркала. Операторите со големи гаражи или други компании кои ќе се одлучат да влезат во бизнисот со полнење електрични возила во својот софтвер ќе добијат нарачка со GPS локацијата од вашиот автомобил ќе го испратат роботот кој автономно ќе дојде до вас, па вие само ќе треба да го приклучите кабелот на својот автомобил и да направите уплата за полнењето преку апликација.

- Advertisement -

Откако роботот ќе да доврши својата работа, ќе го извадите кабелот и ќе го пуштите роботот да се врати до местото каде што се гаражира и ќе се надополни со енергија. Извршниот директор и соосновач на Autev, Осама Ал Салум, вели дека роботот поддржува DCFC технологија за брзо полнење и да може да се наполни до шест пати побрзо отколку што треба да се наполни сам.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -