Корисниците на Твитер ќе можат да ја проверуваат вистинитоста на сликите објавени на платформата

- Advertisement -

Сѐ почесто сме сведоци на слики генерирани со вештачка интелигенција кои се пласираат како вистинити и стануваат вирални на интернет, создавајќи забуна кај корисниците и пошироката јавност.

Со цел справување со проблемот, социјалната мрежа Твитер соопшти дека тестира нова функција наречена “Community Notes” („Белешки на заедницата“), преку која корисниците ќе можат да додаваат релевантен контекст во однос на некоја објава која содржи слики – со цел разоткривање и објаснување на потенцијалните дезинформации.

- Advertisement -

Во суштина, се работи за алатка преку која онлајн заедницата ќе може да помогне во проверка на вистинитоста на објавените слики на платформата.

Компанијата посочи дека можност да додаваат белешки на твитови што содржат слики ќе имаат само соработниците на “Community Notes” кои имаат „импакт скор“ од најмалку 10 – метрика што Твитер ќе им ја доделува на корисниците во зависност од корисноста на нивните белешки.

- Advertisement -

Твитер исто така објасни дека истите белешки ќе се појавуваат под одредена слика и во случај таа да биде реобјавена од друг корисник со поразличен опис.

Maркетинг 365

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -