Научници од Тексас создадоа револуционерен материјал кој ја прочистува секоја вода – дури и најсолената од Мртвото Море

- Advertisement -

И покрај сите напредни технологии на денешницата, пристапот до чиста вода се уште е голем проблем, не само за земјите во развој, туку и за земји како САД. Научниците од Универзитетот на Текас во Остин создадоа евтина технологија која го решава овој проблем со помош на хидрогел. Со помош на сончевата светлина хибридните гел-полимерни материјали можат да произведат чиста вода од секаков извор – вклучувајќи ја и најсолената вода на светот од Мртвото Море.

За таа цел научниците предводени од Гихуа Ју креираа хидрогел кој е истовремено хидрофилен и полупроводник, пренесува Inhabitat.

- Advertisement -

„Од корен го сменивме пристапот до конвенционално соларно испарување на водата“, вели Ју. Системот функционира така што се создава водена пареа под влијание на сончевата светлина, а потоа пареата се испумпува во кондензор, кој ја кондензира водената пареа и се добива свежа вода за пиење. Со оваа технологија, водата, исто така, се филтрира од загадувачи кои се штетни за човечкото тело.

На ваков начин може да се десоленизира водата многу поевтино отколку со сегашните методи кои трошат голема количина на енергија. „Десоленизацијата на водата е често употребуван метод за добивање чиста вода за пиење. Сегашните технологии имаат потреба од голема инфраструктура и трошат многу енергија“, вели Феи Жао, истражувач кој е дел од проектот.

- Advertisement -

Во текот на тестирањето биле произведени 25 литри вода на метар квадратен.

Сподели!
- Advertisement -