Mastercard ќе рециклира стари картички за да го намали пластичниот отпад

- Advertisement -

Mastercard сака да склучи партнерство со банки за да постави кутии за собирање на истечените дебитни и кредитни картички, дури и ако не се издадени од Mastercard, каде што ќе се сечат и ќе се испратат за рециклирање. Компанијата пред неколку дена го најави лансирањето на својата глобална програма за рециклирање.

Исто така, материјалите од картичките, вклучувајќи го и чипот, ќе се одделат од картичката и ќе се преработат во нови производи. Кредите и дебините картички се мали, но моментално во светот се користат 25 милијарди картички и тоа е огромна количина која може да придонесе за уште поголемо загадување. Во моментот околу еден камион пластика се фрла во океаните секоја минута, покажуваат податоците на Програмата за животна средина на ОН.

- Advertisement -

Пластичниот отпад му наштетува на биодиверзитетот така што ги оштетува природните живеалишта и го убива дивиот свет. Тоа, пак, негативно влијае на способноста на луѓето да ги спречат временските неприлик поврзани со климатските промени и се загрозува производството на храна.

Mastercard се надева дека на овој начин ќе им помогне на поединците да го дадат својот минимален придонес со поставување кутии за рециклирање насекаде во светот, а компанијата ги повикува сите банки да се приклучат на оваа глобална иницијатива. Во секоја кутија за рециклирање ќе има машина за сечење на картичките и ќе може да собере до 10.000 картички.

- Advertisement -

Претходно компанијата најави дека презема мерки до 2028 година сите картичките кои ќе ги издава да бидат направени од одржливи и рецклирани материјали. Тие склучија партнерство Greener Payments Partnership со производителите на картички Gemalto, Giesecke+Devrient и IDEMIA во 2018 година преку нивната Лабораторија за дигитална безбедност за ограничување на употребата на PVC пластиката во производството на картички. Банките кои станаа дел од таа иницијатива се лоцирани во 80 различни држави. Во 2021 година ја претставија и програмата Mastercard Card Eco-Certification (“CEC”)

Банките и другите финансиски инситуции се едни од главните играчи кога станува збор за борбата со климатските промени. Од 2015 до 2020 година 60 од најгокемите банки во светот финансирале фосилни горива со вкупно 3,8 трилиони долари, покажа извештајот на непфоритната организација Banking on Climate Chaos во 2021 година.

- Advertisement -

Првата банка која ќе стане дел од иницијативата за реицклирање на картичките на Mastercard е британската HSBC, но се очекува банките од целиот свет да го следат нејзиниот пример. Од Mastercard велат дека имаат соодветна инфраструктур за да го поддржат рециклирањето на картичките во секој регион во светот.

(Technext 24)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -