Истражување на Мкд.мк: Половина од граѓаните не веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ

- Advertisement -

Во случај на добивање на цврсти гаранции од ЕУ за зачувување на македонскиот јазик и идентитет, 45,1% од македонските граѓани би поддржале уставни измени, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на МКД.мк кое од 5 до 16 јуни го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Позитивен став во врска со уставните измени за запишување на Бугарите во Уставот имаат 16,4% од испитаниците. Повеќе од 54 отсто од испитаниците се против промени во Уставот.

- Advertisement -

Испитаниците од македонска етничка припадност во споредба со испитаниците од албанска етничка припадност повеќе имаат негативен став кон уставните измени и помалку ги поддржуваат дури и во случај на гаранции од ЕУ.

Само 16,6% од испитаниците сметаат дека финансиската и институционалната помош која Македонија ја добива од ЕУ е значителна. Нешто сличен е и процентот и за помошта од САД –  17,9%.

- Advertisement -

Повеќе детали од истражувањето на следниот ЛИНК

Сподели!
- Advertisement -