Во Канада почна да сообраќа првиот воз на водород во Северна Америка

- Advertisement -

Летово почна да сообраќа првиот северноамерикански воз на водород, кој превезува патници во Канада. Францускиот патнички воз е краткорочна демонстрација, што значи дека ќе сообраќа со цел да биде полесно прифатен во Канада и во САД.

Возот сообраќа од Монтмерси Фолс до Беи Сент Пол, а тоа патување трае 2,5 часа. Линијата по која сообраќа ќе ја има од среда до сабота се до 30 септември годинава, а максималната брзина на возот е околу 140 км/ч и може да превезе максимално 120 патници во своите два вагони.

- Advertisement -

Француската компанија Alstom го произведе возот. Од компанијата велат дека пергформансите на забрзување и кочење се слични со стандардните возови со дизел мотори, но во овој случај нема емисија на штетни гасови, туку само водена пареа. Повеќето европски земји имаат електрични возови со електрилни шини или надземни жици, но возовите на водород се идеални за места како канадските села, каде што оддалеченоста е голема, а бројот на патници релативно мал.

Истиот модел на возот, Coradia iLint, веќе се користи во осум европски земји, а 14 примероци ан возот сообраќаат во Германија од минатата година. Alstom почна да ги тестира своите возови во 2018 година и има дополнителни договори со Германија, Италија и Франција. Европските клиенти нарачале вкупно 41 воз.

- Advertisement -

Coradia iLint користи околу 50 кг водород дневно, а за исто патување еден стандарден воз би потрошил околу 500 литри дизел. Возот на водород емитува само водена пареа ако нуспроизвод на комбинацијата од водород и кислород во ќелијата при процесот на создавање енергија.

Меѓутоа, факт е дека е потребн камион на дизел погон за да се достави водородот до возот кога е потребно полнење, а идеално би било да се произведува водород на лице место. Сепак, долгорочната цел е да се промовира идејата возот на водород да биде прифатен во сите делови на Северна Америка.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Alstom)

Сподели!
- Advertisement -