Новиот кинески маглев воз достигна брзина од 453 км/ч

- Advertisement -

Новата генерација на кинески брзи возови постави нов рекорд откако достигна брзина од 453 км/ч. EurAsian Times пишува дека релативната брзина, кога два воза се движат во спротивен правец, достигнала неверојатни 891 км/ч. Железничките системи со голема брзина нудат високо ефикасен начин на транспорт за превоз на луѓе и товар. Во време кога државите сакаат да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид, електрифицираните и енергетски ефикасните возови можат да понудат еколошки поприфатлива алтернатива за авиопревозот.

Достигнувањето голема брзина до воз може дополнително да го намали временскиот дефицит на патувањето меѓу два начини на транпсорт. На пример, возењето од Пркинг до Шангај може да трае само 2,5 часа во воз кој патува со брзина до 400 км/ч, слично на времето потребно со авион.

- Advertisement -

Кина има најголема железничка мрежа во светот, а во Шангај сообраќа воз со магнетна левитација. Користејќи електрмагнетна технологија возот лебди над шините за да се елиминира триењето, а може да достигне брзина до 500 км/ч.

Меѓутоа, маглев технологијата не е распоредена секаде во Кина, па оваа земја се обидува да ја зголеми брзината на своите возови на постоечката инфраструктура. Проектот наречен China Railway 450 Technology е еден од таквите проекти кои се дел од петгодшиниот план за периодот од 2021 до 2025 година.

- Advertisement -

Годинава истражувачи од Кинеската академија за железнички науки открија дека CR450 е блиску да биде спремен и дека кинеската железница неодамна направила пробно возење долж делот од својата мрежа од Суднг до Куанжу во провинцијата Фуџиан.

Тестовите биле направени на прекуморскиот мост Меижу Беј, кој е еден од главните делови на брзат железничка линија Фужу – Џиамен, долга 277 км.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -