Google развива алатка која делумно ќе ги замени лекарите

- Advertisement -

Со години сите пребаруваме на Google за да пребаруваме за што се индикација симптомите кои ги имаме кога не се чувствуваме добро или кога и да забележиме нешто необично и ново. Го користиме и за прашања кои не се осмелуваме да им ги поставиме на лекарите, како и за проверка дали воопшто ни треба лекар.

Потоа одиме на лекар и тој се чуди кога ќе му кажеме што сме прочитале на интернет. Но, наскоро тоа може да се промени. Имено, откако Google ја претстави својата вештачка интелигенција Bard, тивко работи на алатка која работи на вештачка интелигенција, а би била специјализирана за медицина. Така се роди Google Med-PaLM 2, алатка која со помош на вештачка интелигенција одговара на медициснки прашања.

- Advertisement -

Според Wall Street Journal, оваа алатка се тестира во клиниката Мајо уште од април годинава и покажува многу добри резултати. Како што се открива во интерниот имејл на Google, ветуваат дека нивната AI алатка ќе им помогне на земјите каде што не може да се дојде до лекар.

Како што докторите во текот на својот работен век постојано читаат струлна литература за да го прошират своето знаење, така и Med-PaLM 2 ќе учи преку демонстрации кои ќе ги прават медицински експерти и доктори. Токму затоа во Google веруваат дека оваа алатка ќе биде поуспешна од останатите генерализирани алатки како Bard, Bing или ChatGPT.

- Advertisement -

Иако Med-PaLM 2 уште има тешкотии со прецизноста во давањето одговори, во сите останати аспекти како сфаќање, разбирање и давање одговори врз база на консензус е рамо до рамо со лекарите.

Но, иако покажува потенцијал и може во иднина да игра битна улога во секојдневната работа на лекарите, Med-PaLM 2 уште не е спремен за шоширока примена.

- Advertisement -

(Wall Street Journal)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -