САД издаваат дозволи на некои американски компании за соработка со Huawei?!

- Advertisement -

Соединетите Американски Држави наскоро ќе издадат дозволи на некои од своите компании за продажба на некои производи на кинеската компанија Huawei Technologies, објави NewYork Times. Весникот се повикува на добро упатени извори во ситуацијата меѓу САД и кинескиот технолошки гигант, кој пред неколку месеци се најде на црната листа на американскиот претседател Доналд Трамп со компании на кои им се забранува соработка со американските поради опасност од шпионажа.
Администрацијата на претседателот Трамп минатата недела даде зелено светло дека може да почне да им се одобрува на неколку американски компании да ја заобиколат забраната која е воведена за кинескиот производител на опрема. Huawei и американското Министерство за трговија се уште ги немаат коментирано наводите на NewYork Times.

Сподели!
- Advertisement -