На 9 јули 2023 година SpaceX се запиша во историјата со уште едно успешно лансирање на Falcon 9. Со ракетата која ја лансираа од Кејп Канаверал, Флорида беа испратени Starlink сателити, а првата фаза, односно бустерот слета на дрон брод во Атлантскиот Океан.
Она што е неверојатно е дека ова е 16-то лансирање за бустерот B1058 на ракетата Falcon 9. Компанијата се надева дека ќе може да го искористи бустерот уште 4 пати до незамисливи 20 пати пред да го пензионира.
„Првата фаза на Falcon 9 успешно беше лансирана и безбедно слета по рекорден 6-ти пат. Со ова лансирање достигнавме вкупно 206 приземјувања на орбитална ракера, вклучувајќи ги мисиите Falcon 9 и Falcon Heavy. Лансирањето беше и вкупно 2016-та успешна мисија за ракетите од семејството Falcon, што е рекорд во историјата на лансирањето вселенски летала” велат од SpaceX.
После месеци инспекции и реновирање, најкористената ракета на SpaceX го комплетираше последниот лет. Бустерот беше ресертифициран за да докажат дека може да комплетира уште 5 мисии после 15-тата минатиот декември.
Бустерот B1058 на SpaceX по прв пат беше лансиран во мај 2020 година са мисијата која требаше да однесе екипаж на НАСА со мисијата Crew Dragon Demo-2.
(Interesting Engineering)
(фото: Wallpaper Flare)