СЗО го прогласи популарниот засладувач аспартам за можен предизвикувач на рак

- Advertisement -

Засладувачот аспартам можеби е канцероген, но останува безбеден за консумација во претходно утврдени количини, објави денес Светската здравствена организација. Заклучоците се резултат на анализите на два одделни панели на СЗО, од кои едниот утврдува дали постои опасност кај некои материи, а другиот проценува колкав е ризикот во реалниот живот од таа материја.

Аспартамот е еден од најпопуларните засладувачи во светот и се користи во секакви производи – од диеталните газирани пијалаци на Coca-Colа до гумите за џвакање на Mars, Extra.

- Advertisement -

СЗО ги соопшти заклучоците на конференција за печат и на потрошувачте им сугерираше при изборот на пијалаци да не размислуваат ни за аспартам, ни за други засладувачи, туку да пијат исклучиво вода.

„Ако потрошувачите не знаат дали да купат кока-кола со засладувачи или со шеќер, мислам дека треба да размислат за третата опција – а тоа е наместо нив да пијат вода“ порачаа од СЗО.

- Advertisement -

Во својот прв заклучок за овој адитив објавен рано денес Меѓународната агенција за истражување на ракот, со седиште во Лион, објави дека аспартамот можно е да е канцероген. Та класификација значи дека постојат докази дека таа материја може да предизвика рак.

Не се зема предвид количината која би требало да се консумира за да се дојде во опасност, што го разгледува Заедничкиот одбор за прехранбени адитиви на СЗО и Организацијата за храна и земјоделство. После сопствената анализа одборот денес објави дека нема уверливи докази за штетноста на аспартамот и ја задржа својата претходна препорака за ограничување на консумацијата на под 40 мг по килограм дневно.

- Advertisement -

Неколку научници, кои не се поврзани со анализите, велат дека доказите дека аспартамот оже да предизвика рак се слаби. Врз основа на просечната количина аспартам во пијалаците, од СЗО проценуваат дека некој тежок 60-70 кг би требало да испие 9-14 лименки пијалаци засладени со аспартам за да ја надмине доволената граница, што е околу 10 пати повеќе од она што го консумираат луѓето.

„Нашите резултати не покажуваат дека повремената консумација би можела да претставува ризик за мнозинството од потрошувачите“ велат од СЗО.

(Zimo)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -