Meta објави бесплатна алтернатива на ChatGPT, достапна за сите

- Advertisement -

Пред два дена компанијата Meta соопшти дека нивниот јазичен модел Llama 2 ќе биде со отворен код, што значи дека ќе биде достапен за истражување и за комерцијална употреба. Кои се предностите што Llama 2 ќе биде бесплатна за сите? И како ќе влијае тоа на репутацијата на нивниот најголем ривал ChatGPТ

Во споредба со претходниот модел, Llama 1, новата верзија е далеку пософистицирана и е тренирана на 40% повеќе податоци, со дупло поголема должина на контекстот. Меѓутоа, Lama 2 има и некои од мааните на своите ривали. На пример, таа исто така има тенденција да генерира лажни информации и навредливи содржини. Освен тоа, со оглед на тоа дека компанијата уште не сподели никакви информации за податоците кои ги користеле во текот на обуката, не е познато дали тие користеле матерјали заштитени со авторски права или лични податоци на корисниците.

- Advertisement -

Од друга страна, имајќи предвид дека Meta од самиот почеток става акцент на истражувачите кога е во прашање тестирањето на овој модел и на нивните повратни информации, а особено што сега е овозможен и како отворен код, се очекува дека компанијата ќе научи битни лекции за Ljama да биде побебедна, помалку пристрасна и поефикасна. Моделот Llama 2 моментално може да се преземе од официјалниот сајт и е достапен и бесплатен за користење.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -