Германија ги спречува шумските пожари преку сензори со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Околу 400 сензори за рано детектирање на шумски пожари се поставени во германскиот регион Брандербург, кој е највеќе погоден од шумските пожари, јавува „Euronews“.

Сензорите може да го детектираат чадот од најраната фаза на огнот, со што се зголемува и забрзува гасењето.

- Advertisement -

Дополнително, сензорите се напојуваат на соларна енергија, а се закачуваат на дрвјата и ја мерат температурата, влажноста на воздухот и воздужниот притисок.

Сензорите работат со вештачка интелигенција, па преку претходно тренирање, машините можат да го разликуваат мирисот на пожар и гасовите испуштени од моторените возила.

- Advertisement -

„Во нашата лабораторија, преку вештачка интелигенција ги учиме сензорите на мирисите на различни шумски пожари, со што тие се претвораат во електронски нос. Можат да разликуваат и различни видови на пожар, односно да разликува пожар во букова и пожар во борова шума“, изјавиле од компанијата производител „Дријад Нетворкс“.

Научниците предупредуваат дека зголемената суша и потоплото време поради климатските промени го зголемува ризикот од пожари.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -