Instagram почна да прикажува кои од вашите пријатели се онлајн

- Advertisement -

Instagram, популарната социјална мрежа за споделување фотографии која е во сопственост на Facebook, доби нова надградба која ја носи и опцијата Activity Status.

На официјалниот блог на социјалната мрежа е објавена информација дека сега корисниците ќе можат да видат кои од нивните пријатели односно профилите што ги следат се онлајн и активни.

- Advertisement -

Пријателите со кои корисникот претходно комуницирал, во моменти кога ќе бидат активни ќе бидат означени со зелена точка покрај фотографијата на нивниот профил.

Опцијата е многу слична како таа која беше додадена на Facebook Messenger, а воведена е за да се зголеми меѓусебната интеракција меѓу корисниците, како и зголемување на содржините споделувани на Instagram. Од компанијата се надеваат дека ова ќе придонесе кон поголемо користењето на опцијата Direct за меѓусебно комуницирање, а опцијата Activity Status ќе може и да се исклучи во поставките по желба на корисникот.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -