Боливија моментално има 23 милиони метрички тони литиум, обкави претседателот на земјата, Луис Арка, откко студијата на владата потврди дека Боливија има најмногу литиум во светот.
Тој додаде дека боливиската влада веќе почнала преговори со претставници од ЕУ за инвестции во литиумски проекти. Сите очи се свртени кон Боливија и кон Латинска Америка поради богатството кое го имаме во врска со литиумот и стратешките минерали, додаде Арка.
Боливија се сврте кон инвестиции во руски и кинески компании за да ги развие своите огромни, но главно неискористени ресурси на бел метал, клучни компоненти за батерии за електрични возила, Јужноамериканскиот т.н. литиумски триаголник држи над половина од светските резерви на литиум, покажуваат проценките на Американскиот геолошки институт.
(SEEBiz.eu)
(фото: ieee.org)