Еве какви биле плановите на Huawei пред да ги стопира Трамп

- Advertisement -

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп со која ги стави Huawei на црната листа со компании со кои Американците не смеат да соработуваат им ги поремети сите планови врзани за развојот на нови производи, освојување на мобилни пазари и зголемување на приходите и на профитот. Huawei повеќе не размислува за брзо преземање на лидерската позиција на пазарот за паметни телефони затоа што мора ресурсите да ги префрли за развој на сопствен оперативен систем со кој би биле независни од Android, но мораа да се откажат и од развојот на новиот производ со кој имаа намера да ги нападнат Amazon, Apple и други компании.

Станува збор за паметен звучник на чиј развој изминатата година соработувале со Google и кој ќе работел со Google Assistant. Ова не е првиот паметен звучник на Huawei, но досега претставените модели се наменети само за кинескиот пазар, додека уредот на кој работеле заедно со Google требало да биде достапен на глобалниот пазар, наводно дури и во САД.

- Advertisement -

Huawei и Google стигнале далеку во развојот на звучникот и претставувањето било планирано за септември годинава на технолошкиот саем IFA кој се одржува во Берлин. Но, после одлуката на Трамп развојот на звучникот е одложен и со оглед на моменталната ситуација, прашање е дали Huawei ќе продолжи со развојот на тој уред.

Паметните звучници со гласовен асистент се се попопуларни меѓу корисниците во целиот свет затоа што освен слушање музика, со нив може да се управуваат некои уреди во домот, да даваат информации за временската прогноза, да се слушаат вести, состојба на патиштата итн. Со тој пазар сега доминираат Amazon и Google со својот хардвер и гласовните асистенти.

Сподели!
- Advertisement -