Без климатските промени топлотните бранови, како што беа измерени 50 степени Целзиусови во Долината на смртта во САД или 45,3 степени во Каталонија, би биле речиси невозможни во Европа и во САД, соопшти меѓународната мрежа која ги изпитува временските неприлики World Weather Attribution – WWA.
Таа мрежа од научници, која ги испитува врските меѓу ектремните временски појави и климатските промени, смета дека климатските промени, кои заедно со емисијата на штетни гасови создаваат ефект на стаклена градина, придонесуваат топлотните бранови да бидат потопли, подолги и почести.
Неодамнешните топлотни бранови повеќе не се исклучителни настани, а тие што допрва ќе се случат ќе бидат и поинтензивни и почести ако набрзо не се намали емисијата на гасови, велат научниците.
Додаваат и дека природните феномени како што се антициклоните или Ел Нињо може да придонесат за појава на топлотни бранови, но и зголемувањето на температурата на планетата како резултат на согорувањето фосилни горива претставува главната причина за толку сериозни климатски промени.
Авторите на студијата – седум холандски, британски и американски научници – се базираат на временските податоци низ историјата и моделите на климата за да ги споредат со денешните климатски промени и глобалното затоплување со оние кои некогаш се случувале.
(N1)
(фото: YouTube)