Лос Анџелес ќе забрани изградба на нови бензински пумпи

- Advertisement -

Пред неколку години забраната на изградбата на нови бензински станици во САД ќе беше неостварлива идеја, но наскоро ќе стане политичка реалност и тоа ни помалку, ни повеќе туку во градот Лос Анџелес.

Во март минатата година градот Петалума, Калифорнија, стана првиот американски град кој забрани изградба на нови бензински станици. Други помали градови во округот Сохома, како што е Рокхерт Парк и Себастопол, со следеа примерот на Петалума. Подоцна беше забранета изградбата на нови бензински пумпи и во Комокс Вели во Британска Колумбија и во Бетлехем, Њујорк.

- Advertisement -

Но, ако Лос Анџелес одлучи да воведе таква забрана, ќе биде првиот голем американски град кој го направил истото. Нашиот голем и влијателен град, кој порасна благодарение на автомобилската индустрија, е совршено место за да се најде начин како да се заменат автомобилите на фосилни горива со непто друго, велат градските власти.

Додека идејата на прво поглед изгледа контроверзна, забраните кои досега беа одобрени ја стопираат само изградбата на нови бензински пумпи, што значи дека се уште ќе има многу места каде Американците ќе ги полнат резервоарите на своите автомобили со фосилни горива. САД сега имаат една бензинска пумпа на секои 2.500 жители, што е речиси дупло повеќе бензински пумпи по човек отколку што има во Европската унија.

- Advertisement -

Предлагачите на забраната велат дека разорните пожари, убиствени топлотни бранови, тешките поплави кои неодамна ја погодија Америка, надополнети од климатските промени се знак дека е време за да се сопре со проширување на инфрастртуктурите за фосилни горива. Исто така, посочуваат дека бензинските пумпи може да имаат трајни последици по здравјето на луѓето затоа што испуштаат бензен, односно познат карциноген кој го загадува воздухот, водата и почвата.

Друга причина за ваквите забрани е економската, особено ако се земе предвид дека според проценките на Boston Consulting Group, до 2035 година речиси 80% од бензинските пумпи ќе бидат непрофитабилни.

- Advertisement -

(Grist)

(фото: Rawpixel)

Сподели!
- Advertisement -