Освен микропластиката, голем проблем кај загадувањето прави и наноплатиката. Станува збор за честички помали од микропластиката, односно од 1 микрометар, поради што се тешки за наоѓање. Толку се тешки за наоѓање што до неодамна немаше докази дека постојат.
Сепак, неодамна случајно успеаја да ги откријат Групата за микропластика, нанопластика и елементи во Центарот за студии на животната средина. Како што велат, оваа пластика е присутна во целиот свет. Може да се најде во животните, во водата, а со самото тоа и во луѓето.
Како што објаснуваат научниците, методот работи на принципот мерење на испарливите органски соединенија. Примерокот се филтрира за да се отстранат крупните честички како што е микропластиката, целулозните влакна, минералните честички, после што примерокот се дехидрира. На тој начин остануваат само нанометарски честички.
Потоа постепено се загрева и симултано секоја секунда се мера испарливите органски осединенија со посебен масен спектрометар со голема резолуција. Затоа велиме дека ги мериме мирисите кои ги испуштаат наночестичките пластика.
Научниците велат дека сите типови пластика имаат сличен мирис при висока температура, но хемискиот состав на мирисот е различен, така што се развиени алгоритми кои ги искористуваат тие хемиски разлики за да го потврдат присуството на пластика во сложен примерок и потоа да ја одредат нејзината маса. За откривање на примероците доволно е неколку нанограми полимер, односно неколку милилитри примерок.
Кружењето на пластиката во природата е нешто што се уште се обидуваме да го разбереме затоа што пластиката постојано се формира одново од поголеми фрагменти, се транспортира со водата и преку воздухот. Научниците по прв пат мереле нанопластика во планински воздух на 3.100 метри надморска височина. На тоа место концентрацијата на нанопластика достигнала до 125 нанограми по метар кубен воздух.
Досега е потврдено дека нанопластиката од различни типови полимери предизвикува повеќекратни негативни биолошки дејства на сите нивоа на огранизација – од молекуларно и субклеточно до ниво на организам.
Најчестите измерени ефекти се интерупција на половите хормони од типот на естроген, кои имаат големо влијание врз репродуктивното здравје и врз инфламаторно имунолошкиот одговор на организмот. Бидејќи ова научно поле е релативно младо во контекст на пластиката, наскоро очекуваме многу нови резултати, каде што би се употребиле реалистични дози и видови полимери слични на оние кои се мерени во примероци земени од животната средина.
(N1)
(фото: YouTube)