ВИДЕО: Овој робот е 3Д печатен и не му треба струја за да работи

- Advertisement -

Тим од истражувачи од Универзитетот Сан Диего во Калифорнија направи мека роботска фаќалка на која не и е потребна никаква електроника за работа. Овој иновативен тим од роботичари својот изум го опиша во студијата објавена во списанието Science Robotics.

Како што велат, сакале да направат мека фаќалка која може да се користи само што ќе излезе од 3Д принтерот, а која истовремено би имала вградени сензори за гравитација и допир. Така успеале да создадат фаќалка која може да подигне, да држи и да спушти предмети кои се во нејзина близина.

- Advertisement -

Дизајнирале функции така што низ вентилот се овозможува да фати при контакт и да отпушти во вистински момент. Ова е прв пат таква фаќалка да може да фати и да отпушти. Се што треба е да се намести фаќалката хоризонтално. Тоа поттикнува промена на воздухот во вентилите, поради што двата прсти оф фаќалката се отпуштаат.

Додаваат дека, всушност, станува збор за едноставна флуидна логика, која на роботот му овозможува да го фати предметот и да го држи. Кога ќе детектира тежина на предмет кој се турка настрана, додека се ротира во хоризонтала, ќе се отпушта предметот.

- Advertisement -

Авторите на оваа фаќалка велат дека таа може да се монтира на роботска рака во индустриско производство, ракување со овошје и зеленчук или пак за производство на храна. Единствено што е потребно за функционирање е боца со гас под голем притисок.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -