Наскоро ни стигнува редок небесен спектакл – наредниот ќе биде за 14 години

- Advertisement -

Вечерва наспрема 1 август не очекува вистинска астрономска реткост, па ако можете, останете будни уште некој саат и уживајте во небесната претстава. Имено, вечерва спроти 1 август ќе се појави првата супермесечиуна во август, а само 30 дена подоцна и другата полна месечина позната како „сина месечина“.

Освен тоа, при излегувањето ан супермесечината на небото ќе бидат видливи и Меркур и Марс, што не се случува толку често. Ако времето не послужи и ако небото биде без облаци, ќе може со голо око да се видат детали од површината на Месечината, како што се темните рамнини формирани со древните вулкански текови на лава. За подетално проучување користете двоглед или телескоп или пак, мобилен уред со висок зум.

- Advertisement -

Ќе биде доволно да се тргнете од градските светла и да погледнете кон небото, а тие што ќе се најдат во природа, далеку од вештачкото осветлување, ќе се изненадат колку добро ќе може да ја видат природата осветлена од Месечината.

Астрономите велат дека ваквата појава, со две сумермесечини во рок од еден месец, се случила во 2018 година, а следниот пат можеме да ја очекуваме дури во 2037 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -