Јапонија вечерва повторно ќе се обиде да слета на Месечината

- Advertisement -

После успешното меко слетување на индиската мисија Chandrayaan-3 на јужниот пол на Месечината, Јапонија исто така сака да им се приклучи на малкуте земји кои успеаја да слетаат на овој наш природен сателит.

Јапонската вселенска агенција JAXA на 28 август во 01:55 часот планира да ја лансира мисијата SLIM (Smart Lander for Investigating Moon). Мисијата ќе биде лансирана од вселенскиот центар Танегашима со јапонската ракета H2-A.

- Advertisement -

Слетувањето на SLIM на Месечината , за кое се очекува да се случи за 4-6 месеци отсега, е вториот обид на Јапонија во последните неколку месеци да постави хардвер на површината на Месечината.

На ракетата H2-A лета и вселенскиот телескоп X-Ray Imaging and Spectroscopy Mission (XRISM), чија цел е да ја испита вселената со рендгенски зраци. Таа мисија е плод на соработката на JAXA, НАСА и Европската вселенска агенција.

- Advertisement -

SLIM ја нарекуваат мала мисија на Месечината со големи цели. СПоред планот за мисијата, се предвидува слетување на околу 100 метри од внатрешноста ан акратерот Шиоли. Оттаму лендерот ќе ја испита околината во кратерот со дијаметар од 300 метри, кој се наоѓа во Маре Нектарис. ТОа подрачје е на отприлика 13 степени јужна ширина и 25 степени источна должина, на блиската страна од Месечината свртена кон Земјата.

Ако SLIM бесбедно слета на Месечината, Јапонија ќе стане петтата земја која успеала да го направи тоа после поранешниот Советски Сојус, САД, Кина и Индија.

- Advertisement -

Лансирањето на H2-A може да се следи во живо на овој линк.

(Vidi.hr)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -