Јапонија на Месечината испраќа минијатурен робот кој ќе ја истражува прашината

- Advertisement -

Јапонија е одлучна со својата технологија да ја освои Месечината. Oбјави дека земјата планира во 2022 година на Месечината да испрати ровер со големина на топче за тенис, кој би требало да ја истражува површината на овој Земјин природен сателит.

Малиот ровер го направија група компаниии кои го развиваат роверот за Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA), а меѓу нив се Sony и компанијата која се занимава со развој на играчки Tomy Company.

- Advertisement -

Роверот треба да се тркала по површината на Месечината и да прави фотографии и да снима податоци за Месечевата прашина, супстанција која претставува проблем и за луѓето и за машините.

Од JAXA не објавија многу детали за роверот затоа што уште е во фаза на развој, но она што е познато е дека роверот ќе има дијаметар од само 8 см и ќе се состои од сфери кои може да се отворат за да се движи по површината на Месечината со две тркала. Тежи само 250 грама, а ако се докаже во својата прва лунарна мисија, може во иднина да има и клучна улога во други мисии за истражување на Месечината.

- Advertisement -

Јапонскиот лунарен робот ќе биде многу компактен и лесен и ќе лута во негостољубивата околина на Месечината. Како што велат од JAXA, роботот треба да стигне до Месечината со лендерот HAKUTO-R, кој треба да биде лансиран во 2022 година.

(JAXA)

- Advertisement -

(фото: Jaxa)

Сподели!
- Advertisement -