Бесплатна работилница за фотографија за деца – уште еден предизвик на „Халки шарено лето“

- Advertisement -

Бесплатна работилница за фотографија наменета за деца од 8 до 14 години денес (30 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје. Ова е претпоследната од едукативните работилници што летово беа организирани во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ поддржана од Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Халки фотоавантура“ учесниците ќе можат да дознаат повеќе за тајните на фотографијата и да ги направат своите први фотографии со помош на искусна фотографка, а заедно ќе создадат креативна Халки фотогалерија. На оваа работилница децата треба да ги понесат своите мобилни телефони, затоа што со нивна помош ќе учат како се прават суперкул фотографии.

Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк https://bit.ly/Halkifotoavantura

- Advertisement -

Ова е петта од редицата креативни работилници што летово ги организиравме обединети под „Халки шарено лето“. Средите станаа денови што децата ги очекуваат со желба да го разладат топлото скопско време, да научат нешто ново, но и многу да се дружат.

Последната работилница беше посветена на изработката на мозаици, кога децата со помош на природни материјали – лисја, зрна, песок и друго создаваа уметнички дела.

- Advertisement -

Халки-работилниците за деца станаа вистинска оаза на креативност, забава и дружење.

-Низ тимска работа децата учеа за повторна употреба на материјалите, важноста на рециклирањето, но и да се почитуваат меѓусебно. Дечињата беа љубопитни и вредни, си помагаа меѓу себе и ја развиваа нивната креативност. Организирајќи ги овие работилници во изминатите неколку недели, сфативме колку всушност на децата им треба само малку поттик за да бидат вистински уметници и дека работењето во група заедно со свои врсници и под менторство на искусни уметници-ментори, кај нив се раѓаа прекрасни дела – велат од Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, кои ги спроведуваат работилниците во организација на Халкбанк АД Скопје.

- Advertisement -

Халкбанк АД Скопје се погрижи најмладите и за време на летниот распуст да имаат интересни активности што ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. За создавање образована публика за културни настани, потребна е стратегија и имплементација на која ќе се работи секојдневно. Халкбанк АД Скопје со поддршка на ваквите активности покажуваат посветеност и одговорност во овој исклучително значаен процес за децата.

Сподели!
- Advertisement -