Во Јадранот пристигнаа 46 нови врсти на риби

- Advertisement -

Рибниот фонд во Јадранското Море се намалува со загрижувачко темпо, а на тоа влијаат неконтролираниот риболов, климатските промени и доселувањето нови врсти риби кои ја загрозуваат постоечката популација. Затоа експертите предупредуваат дека исчезнува Јадранот кој сме го познавале досега.

Во најголем дел од медитеранските земји, вклучувајќи ја и Хрватска, сината риба е главен дел од уловот во целокупниот риболов, а рибарската индустрија е загриѓена дека поради преголем улов ќе биде стопиран риболовот, а административните мерки се или драстични или задоцнети.

- Advertisement -

Некои експерти предлагаат на одредено време на некое подрачје да се воведе привремена забрана за риболов ако се лови премногу млада риба, која уште не се измрестила. Некои заговараат хрватскиот државен појас целосно да се забрани за риболов затоа што тоа подрачје е едно од главните мрестилишта во Јадранот.

Преудпредуваат и дека инвазивните доселенички видови риба ја менуваат природната околина на Јадранското Море. Една од најинвазивните врсти, рибата лав, лани по прв пат беше забележана на хрватскиот дел од брегот, а годинава е забележана неколку пати. Познато е дека таа риба на многу места во Средоземјето ја сменила природаната околина. Во текот на последните три децении забележано е доаѓање на 46 нови врсти на риби во Јадранското, каде што живеат повеќе од 460 врсти риби.

- Advertisement -

Велат дека една од најлошите инвазивни врсти во Средоземното Море е забележана на длабочина од 15 метри во август 2021 година и во август годинава на островот Корчула. Експертите ги загрижува тоа што агресивните освојувачи ги загрозуваат домашните видови риби, а некои од нив се опасност и по здравјето на луѓето.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -